CM Delta d.o.o, која е сопственик на платформата fashionhouse.mk има склучено договор за испорака на сите нарачки со компанијата ELS.
Нарачаните производи ќе бидат доставени со испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање - по електронска пошта.
Купените производи ќе ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на fashionhouse.mk. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.