Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу.
Ве молиме прочитајте ги внимателно.
fashionhouse.mk претставува интернет платформа за екслузивна продажба на производи од продажната мрежа на CM Delta d.o.o, која е овластен дистрибутер и увозник на производите од трговските марки Tommy Hilfiger, Calvin Klein, Polo Ralph Lauren, Lacoste, Gant, Napaprji, и е единствен сопственик на интернет платформата fashionhouse.mk
Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот Заштита на лични податоци
Со вашата посета на fashionhouse.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-порака и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страната. Преносот на податоците се врши на серверот на fashionhouse.mk. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, не вршете регистрација, или доколку сте веќе регистрирани, испратете известување со барање за прекин на регистрацијата.
Регистрираните членови на fashionhouse.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени.
Со најавување на системот на fashionhouse.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име.
Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на услугите без надзор од родител, односно може да ги користи услугите на fashionhouse.mk единствено со придружба на родител или старател, кој одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.
Основна цел при прибирање на личните информации е да обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно користење на веб страната. Согласни сте дека може да ги користиме вашите лични податоци за:
Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите е во рамки на законите, незаканувачка, ненавредлива или повредувачка кон трети лица.
Коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано како „spam“ се забранети.
fashionhouse.mk ќе ги отстрани сите пораки за кои смета дека се во горенаведените категории.
Сите описи на понудените производи кои се објавени се гарантира се комплетни, точни или без грешки (тука не спаѓаат печатни грешки). Доколку производот понуден и добиен од fashionhouse.mk не е во согласност со описот, имате право да го вратите неоштетен и неупотребен.
Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.
Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на CM Delta d.o.o како и на носителите на авторски права на производите кои се продаваат на платформата, и секоја употреба на истите за иста или слична дејност не е дозволена.
fashionhouse.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страната, но не може да гарантира можност на напад на хакери, компјутерски вируси и слично со што и вие би биле засегнати.
Вие се согласувате да го употребувате нашиот веб сајт на сопствен ризик.
fashionhouse.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи кои не се купени во рамки на продажната мрежа на CM Delta d.o.o во Северна Македонија, или од оваа веб страна.
Со посетата на fashionhouse.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите важечки закони на Северна Македонија.
Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страната. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страната.
fashionhouse.mk го задржува правото да прави промени на веб страната, политиките и општите одредби во кое било време.
Адреса: ЦМ ДЕЛТА ДОО., ул. Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје, Северна Македонија.
Се препорачува коментарите на fashionhouse.mk да бидат во согласност со содржината на сајтот. Препораки и правила за коментарите:
Електронска фактура
По секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на fashionhouse.mk по електронска пошта ќе добиете електронска сметка.
Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие со испраќање на барање на info@cmdelta.mk
Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.